Австрискиот Парламент усвои Резолуција за геноцидот во Сребреница

Од:

Парламентот на Австрија едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, оддавајќи им почит на Босанците убиени на 11 јули 1995 година.

dobivaj vesti na viber

Со Резолуцијата се бара од австриските власти да продолжат активно да ја поддржуваат комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија.

Усвојувањето на документот доаѓа по официјалната посета на австриската министерка за правда Алма Задиќ на Босна и Херцеговина оваа недела.

Во текстот на Резолуцијата се наведува дека истата се усвојува по повод 27-годишнината од злосторствата извршени во регионот на Сребреница, подрачје заштитено со резолуција на Советот за безбедност на ОН од 16 април 1993 година.

Во усвоениот документ се посочува дека силите на босанските Срби, предводени од генералот Ратко Младиќ, врз основа на наредба на тогашниот претседател на Република Српска, го окупираа градот, а следните неколку дена под команда на генерал Младиќ се случија масовни убиства во кои учествуваа војници, паравоени сили и нерегуларни полициски единици на босанските Срби.

Резолуцијата потсетува дека притоа се убиени повеќе од осум илјади босански мажи и момчиња кои побарале заштита од Заштитните сили на Обединетите нации (УНПРОФОР).

„Во исто време, приближно 30 илјади жени, деца и стари лица беа насилно протерани во голема операција за етничко чистење. Така, овој настан стана најголемото воено злосторство во Европа од крајот на Втората светска војна”, се посочува во Резолуцијата.

Во текстот на документот уште се наведува и дека сите тие „трагични настани во Сребреница” ги оставиле преживеаните со „трауми и длабоки емоционални лузни”.

Австриските пратеници потсетуваат дека со Резолуција на Европскиот парламент 11 јули е прогласен за Европски ден за сеќавање на жртвите од Сребреница.

„За да се обезбеди мирна иднина и успешен соживот, неопходно е сите политички претставници, како во Босна и Херцеговина, така и во светот, да се соочат со најтемните поглавја од историјата и да го признаат минатото. Одбележувањето на геноцидот во Сребреница и солидарноста со жртвите е клучна за подобра иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина, како и за зајакнување на историската свест дека таквите страшни злосторства никогаш не смеат да се повторат, стои во усвоениот документ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борел: Додека ја држи Сребреница во своето срце, ЕУ цврсто стои зад БиХ и Западен Балкан

Во Скопје се одбележува 11 Јули-Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја

Телата на уште 50 жртви на злосторствата во Сребреница следната недела ќе бидат погребани во Меморијалниот центар во Поточари

Холандската Влада им се извини на воените ветерани кои беа во Сребреница

Ана Ололовска

Албанскиот Парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница

А1он