Австрија ќе распореди војници на своите граници

Од:

Австриското министерство за одбрана издаде наредба за распоредување на над 1.600 војници на границите на земјата, поради кризата со бегалците, јави ТАСС.

Според Министерството, две третини од овие војници ќе и помагаат на полицијата во обезбедувањето на границата, а останатите ќе извршуваат помошни функции.

Виенскиот весник „Курир“, од друга страна, објави дека автриското Министерство за одбрана размислува и за мобилизација на дел од резервниот состав на воената полиција, кои по потреба би ги замениле војниците на редовен воен рок и оние по договор.

Министерсѕвото засега ниту ги потврди, ниту ги демантира ваквите тврдења на „Курир“.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски