Австралискиот премиер се извини за спорната изјава околу ропството

Од:

Премиерот на Австралија Скот Морисон се извини за претходна своја изјава кога рече дека во неговата земја немало ропство, јавуваат австралиските медиуми.

Морисон стана цел на остри критики откакоза време на вчерашната дебата за првите денови на британското населување на континентот, кои ги опиша како „доста брутални“, рече дека во Австралија немало ропство.

.„Моите предци биле во првата и втората флота на осудени доселеници. Тоа било прилично брутално место, но во Австралија немаше ропство,“ рече Морисон во спорната изјава.

Голем број историчари, абориџински активисти и дел од пратениците изразија шокираност и згрозеност од коментарот.

На денешната прес-конференција во Канбера, Морисон рече дека во претходната изјава мислел на фактот дека првата австралиска колонија Нов Јужен Велс била основана без широко распространето ропство.

„Моите коментари не беа наменети да навредам никого, а ако навредив, јас длабоко жалам и се извинувам,“ рече Морисон, додавајќи дека тој е страстен заговорник за правата на австралиските Абориџини.

Иако во Австралија немало ропство од типот на она во јужните делови на САД, ропството сепак постоело во таа земја во текот на 19 и 20 век, на места како плантажи со шеќерна трска во Квинсленд. Други критичари укажаа на присилното носење на жители од пацифичките острови да работат во лоши услови без плата.

„Ропството на домородните мажи, жени и деца е документирано,“ вели Шарман Стоун, поранешна пратеничка, а сега професорка на Универзитетот Монаш. Таа додаде дека робовите оделе во риболов или биле домашна работна сила.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча