Австралискиот премиер Тони Абот предупредува на можноста од отцепувањето на Шкотска од Велика Британија.
Во интервју за лондонски „Тајмс“ Абот вели дека „таквото решение нема да му помогне на светот“.
Тој смета дека сите оние кои сакаат да ја видат Британија прекршена,не се пријатели ниту на правдата и правичноста,а ниту на слободата.
– Не е моја работа да им кажувам на Шкотланѓаните што да прават,затоа што тоа е само нивно право,но како пријател на Велика Британија и посматрач на случувњата,можам да речам дека тешко може да се види што навистина светот ќе добие од независна Шкотска, рече Абот.
Претставник на шкотските сепааратисти кои ја водат кампањата за отцепување,изјави дека на Австралија „добор ќе и дојде независна Шкотска“.
Според сепаратисти од владеачката шкотска национална партија (СНП), 300 години долгата унија (со Англија) ја одиграла својата мисија и сега таа не е способна да ги задоволи шкотските амбиции.
Кампањата „Заедно е подобро“ која заговара продолжување на векот на унијата,инсистираат дека Велика Британија е една од најуспешните унии во светот и дека од тоа Шкотска многу профитирала.
На 18 септември во Шкотска ќе се одржи референдум на кој шкотските гласачи че треба да се изјаснат за тоа дали се за тоа нивната земја да биде независна држава.Со сегашниот закон за деволуција,Шкотска има мошне широка автономија и на Парламентот во Единбург од Вестминстер му се префрлени сите овластувања,совен во надворешната одбранбената и фисклната политика.
Сите главни британски партии поддржаа проширување на овластувањата на Холируд и врз даночната политика,што би требало да се остварува по парламентарните избори во мај 2015 година.
Тони Абот не е првиот светки лидер кој ја подржува британската целовитост.Пред него за обединета Велика Британија зборуваа американскиот претседател Барак Обама,како и кинескиот премиер Ли Кечијанг.