Австралија: Трговски центар забрани влез на разгалени деца

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Еден трговски центар во Сиднеј „забрани“ деца кои се прегласни, немирни и прават врева и хаос.
Управата на трговскиот центар истакна натписи на кои родителите ги предупредува дека „немирните“ деца нема да ги толерираат.

На ѕидовите на центарот стојат натписи „Стоп“, „Родители имајте на ум, дека не сте сами“, „Децата кој ќе прават врева, нема да се толерираат“.

Проблемот настана околку делот на центарот во кој рестораните и кафулињата се наоѓаат во близина на игротека.

– Луѓето заслужуваат во тишина да одмараат, јадат или пијат, без да мораат да слушаат детска врева – смета управата.

Менаџерката Бренда Малкеји изјави дека рестораните се празни, и дека дури и вработените избегнуваат да јадат таму, бидејќи децата се неподносливи.

– Секој кој има дете знае дека е непријатно да го слуша сопственото дете како плаче и вреска, отколку кога ќе слуша друго – изјави еспертот за родителство, Џастин Кулсон.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча