Австралија повторно побара милост за своите сограѓани осудени на смрт во Индонезија

Од:

Австралиската министерка за надворешни работи  Џули Бишоп денеска повторно побара милост за двајцата нејзини сограѓани, нарко дилери осудени на смрт во Индонезија.

Австралијанците Ендрју Чан и Мјуран Сукурман се на списокот на 11 осуденици на смрт чија казна требаше да биде извршена неделава. Егзекуцијата беше одложена, како што беше наведено, поради технички пропусти во затворот, каде што три дена пред стрелањето треба да престојуваат осудениците.

Апел за помилување на осудениците вторпат, во понеделникот, упати и австралискиот премиер Тони Абот. Тој ја потсети Индонезија на австралиската поддршка за отстранување на последиците од катастрофалното цунами од 2004 година и на релативно добрите, но тешко изградени политички односи меѓу двете држави.

Абот и Бишоп не се заканија со заладување на дипломатските односи со Индонезија, како што тоа го направија Бразил и Холандија по егзекуција на нивни сограѓани, но двајцата рекоа дека го разбираат гневот на нивните сограѓани кои најавуваат туристички бојкот на Индонезија.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо пред Нова година одби да потпише помилување за над сто осуденици на смрт, казнети поради криумчарење наркотици. Причина за ова се над четри милиони регистрирани нарко зависници во Индонезија, од кои во просек дневно од последиците на зависноста умираат 50 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе