Австралија ќе ја преполови финансиската помош на Индонезија

Од:

Австралија ќе ја намали финасиската помош на Индонезија од сегашните 543 на 323 милиони австралиски долари, пренесоа денеска медиумите во Џакарта.

Според проценките во Индонезија, кратењето на финансиската помош е резултат на одбивањето на Индонезија да ги помилува двајцата австралиски државјани, по чија езекуција Австралија го повлече својот амбасадор од Џакарта.

Официјална Канбера не го доведува кратењето на финансиската помош во врска со погубувањето на двацата нејзини државјани, осудени со најстрогата казна поради трговија со дрога. Од тамо соопштуваат дека владата на Тони Абот донела одлука финансиската помош за неразвиените држави од источниот дел на Азија од сегашните 4,1 милијарди долари да се намали за 20 посто. Намалена е и помошта за Филипините, Мјанмар и Виетнам, но Индонезија е најголемиот губитник по оваа одлука.

Само Камбоџа и Источен Тимор нема да бидат погодени со кратењето нафинансиската помош од Австралија, но и двете заедно не добиваат многу. Источен Тимор добива годишно 72, а Камбоџа 52,4 милиони австралиски долари.

Официјалната Џакарта се уште нема коментар на австралиската одлука која овдешните медиуми ја нарекоаа „казната“ на Тони Абот. Овдека се потсетува дека по намалувањето на финансиската помош од Холандија, во 1.991 година, поради масакрот што индонезиската армија го направи на Источен Тимор, Индонезија одби да ја прима холандската финансиската поддршка.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници