Австралија ќе и плати 555 милиони евра на групата Навал поради откажувањето на набавката на француски подморници

Од:

Австралија ќе плати 555 милиони евра компензација на француската државна Навал група за да стави крај на аферата со подморниците, изјави денеска премиерот Ентони Албанезе.

Француската групација ја прифати „фер и правичната спогодба“ од 555 милиони евра (584 милиони долари), изјави новиот шеф на австралиската Влада.

Парите ќе бидат исплатени за прекршување на гигантскиот договор од 56 милијарди евра што предизвика дипломатска криза меѓу Париз и Канбера во септември 2021 година.

Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон го откажа договорот за купување на 12 конвенционални подморници во вредност од 90 милијарди австралиски долари, откако Австралија потпиша договор со САД и Велика Британија, кој вклучува испорака на американски подморници на нуклеарен погон.

Франција тогаш ги обвини САД и Австралија за предавство поради откажаниот договор и тајните преговори на трилатералниот сојуз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он