Австралија испраќа дронови во Украина

Од:

Австралиската влада утринава соопшти дека ќе испрати уште беспилотни летала во Украина за да и помогне во борбата против Русија и воведе нови насочени финансиски санкции против 90 руски физички лица и 40 ентитети на годишнината од рускиот напад врз Украина.

На списокот на лица под санкции се руските министри за енергетика, природни ресурси и индустрија, како и концернот „Калашников“, производителот на авиони „Туполев“ и производителот на подморници „Адмиралти бродоградилишта“.

„Сè уште сме со Украина“, најави премиерот Ентони Албанесе.

„Беспилотните воздушни системи обезбедуваат разузнавање од бојното поле и овозможуваат надзор и извидување на украинските вооружени сили“, додаде тој.

Австралискиот премиер не прецизираше колку точно дронови ќе бидат испратени, за кои модели станува збор и дали ќе бидат вооружени.

Се верува дека десетици илјади украински цивили и војници од двете страни загинале, а милиони биле принудени на егзил откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина пред една година, што тој ја нарекува „специјална воена операција“ за ослободување на соседните земја на екстремисти.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков