Австралиja ги блокира плановите на Северна Кореја повторно да отвори амбасада во Канбера

Од:

Австралија ги блокира на неопределено време плановите на Северна Кореја повторно да отвори амбасада во Канбера поради нуклеарната проба извршена од Пјонгјанг, со што се нарушени резолуциите на ОН.

Според првичниот договор во средината на февруари, во Канбера требало да пристигнат севернокорејски дипломати за разгледување на условите, местото и роковите за отворање на амбасадата. Неколку дена пред нивното пристигнување, министерот за надворешни работи Боб Кар го известил Пјонгјанг дека посетата на дипломатите се одложува за неопределено време и оти одлуката е поради севернокорејската нуклеарна програма.

Пјонгјанг отвори дипломатска мисија во Австралија во 2002 година, но ја затвори шест години подоцна, поради финансиски причини.

Во почетокот на годината Пјонгјанг повторно побара да испрати амбасадор и Австралија даде согласност.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча