Аврамопулос: Миграциите се нашата нова реалност

Од:

Еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос истакна дека време е за соочување со вистината дека никогаш нема да бидеме во можност да ги запреме мигранциите, дека тие се наша нова реалност и дека треба да се смислат долгорочни решенија за унапредување на интеграцијата и инклузијата.

Тој соопшти дека на денешниот Меѓународен ден на мигрантите, повеќе од 244 милиони луѓе живеат надвор од своите домови.

– Човековата мобилност ќе го одбележи 21. век. Доколку сакаме да бидеме подготвени за тоа мора веднаш да почнеме да се подготвуваме, истакнува Аврамопулос во текст за порталот Политико.

Европа во последните две години била примарно посветена на решавање на епосредни итни случаи на глобални миграции и бегалска криза, за што Аврамопулос оцени дека тоа успешно го направила. Нерегуларниот проток на мигрантите се намали за 63 отсто. Повеќе од 32.000 бегалци се распоредени ширум Европа, повеќе од 25.000 луѓе на кои им била потребна заштита се раселени низ континентот со уште 50.000 кои се очекуваат во следните две години.

– Мора да ги исполниме нашите ветувања дека ќе евакуираме илјадници мигранти од Либија или раселување или со помош на доброволни враќања во следните месеци. Мора да исполниме и законски канали за економска миграција со поамбициозна Сина карта за високо квалификувани работници и пилот проекти за миграција на работна сила во клучни трети држави. Но, не можеме да запреме со ад-хок пристапот размислувајќи и работејќи само со кратки рокови. Кога станува збор за миграцијата ние сме во тоа на долги патеки, укажува еврокомесарот.

Тој додаде дека дебата за миграијата е под влијание на растечи национализам, популизам и ксенофобија и за жал ограничи можности за воспоставување паметни и напредни политики за миграции.

– На крајот, сите ние мора да ја прифатиме миграцијата, мобилноста и диверзитетот како нова норма и да ги прилагодиме нашите политики кон неа. Единствен начин да ги направиме политиките за азил и миграции одржливи во иднина е прво колективно да го смениме начинот на размислување, порачува Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески