Авионот не бил соборен над Сирија?

Од:

На барање на Турција, НАТО ќе го истражува соборувањето на турскиот авион „фантом“ кој пред два дена беше погоден со ракета на сиријската војска. Анкара соопшти дека нејзиниот авион бил соборен над меѓународните води и дека на длабочина од 1300 метри е пронајден неговиот труп.

Од седиштето ан НАТО во Брисел соопштија дека ќе го истражуваат соборувањето ан авионот на барање на Турција. Турција ја обвини Сирија дека го соборила авионот без претходно предупредување со радио врска дека е нарушен нејзиниот воздушен простор, уште повеќе што авионот не бил наоружан.

Анкара ја демантираше информацијата дека заедно со Сирија трагаат по пилотите на соборениот авион, туку дека војските дејствуваат самостојно, но и дека постои координација меѓу нив.

Во вторник во седиштето на НАТО е свикан состанок на основа на членот 4. од Договорот според кој земјите членки се консултираат „во случај на загрозување на безбедноста, политичката независност или територијалниот интегритет“.

Врз основа на истиот член 4. во 2001 година НАТО покрена акција во Авганистан, за да го „заштити“ сојузникот САД.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица