Авиони на НАТО пресретнале 400 пати годинава руски воени авиони околу Европа

Од:

Авиони на НАТО пресретнале 400 пати оваа година руски воени авиони во воздушниот простор околу Европа, што е зголемување за 50 отсто во споредба со минатата година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Во Балтичкото, Норвешкото и Црното Море, во воздушниот простор околу НАТО, станавме сведоци на засилена руска военовоздухопловна активност. Тие не ги почитуваат плановите за летање и не комуницираат со цивилната воздушна контрола, рече шефот на НАТО пред американски, германски и естонски војници во обновената и проширена военовоздухопловна база во Амари, во западна Естонија, каде некогаш постоела советска воена база.

Според него, на тој начин летовите создаваат опасност за трговското воздухопловство.

– Тие дејствија се опасни и неоправдани и затоа НАТО останува буден. Ние сме тука и сме подготвени да ги штитиме сите наши сојузници од секакви закани, рече Столтенберг откако се сретна со естонскиот премиер Таави Ривас.

– Повеќето такви летови се во близина на воздушниот простор на НАТО, со многу мал број нарушувања. Северноатлантската алијанса исто така ќе го зајакне своето присуство, распоредувајќи пет пати повеќе ловци по источната граница од почетокот на 2014, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски