Авион се урна во САД: Нема преживеани, меѓу загинатите има и деца

Од:

Шест лица, меѓу кои и две деца, загинаа откако авион се урна во близина на брегот на Мисисипи, соопшти Крајбрежната стража на САД.

Нуркачи ги извлекле нивните тела откако авион од типот „Цесна 210“ се урна во Мексиканскиот Залив, помеѓу Паскагула, Мисисипи, и островот Хорн, кој е дел од Националното крајбрежје „Галф Ајлендс“ (Gulf Islands National Seashore).

„Во авионот имаше четворица возрасни и две момчиња, на возраст од осум и 10 години“, изјави портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос.

Според Рос, спасувачките екипи со часови трагаа по групата, при што првично пронајдоа само три појаси за спасување, сплав за спасување и кабината на авионот како пловат во водата.

Авионот од типот „Цесна“ летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида, покажуваат податоците од веб-страницата за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware).

Би можело да ве интересира

Тешка авионска несреќа во Сибир: Се урна руски воен авион, загинаа 17 лица

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

Авионска несреќа во Шкотска, има загинати

Детали за авионската несреќа на Алпите: Загина познат бизнисмен

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот