Авион на Туркиш ерлајнс беше погоден од гром

Од:

Авион на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс со 114 патници мораше принудно да слета откако беше погоден од гром од кој еден мотор се запалил, соопшти компанијата.

Никој од патниците не е повреден.

Во моментот кога беше погоден од гром авионот на релација Истанбул-Измир се подготвувал да слета во Измир. Пилотот веднаш го активирал апаратот за гаснење пожари во моторот, прогласил вонредна состојба, а потоа безбедно слетал.

Државната агенција Анадолија јави дека жителите на Измир, кои го виделе пламенот се упатиле кон аеродромот за да ги слушнат вестите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски