Авион на американските воздухопловни сили слета во Москва

Од:

Американскиот воен транспортен авион „Боинг Ц-17А Глоубмастер III“ слета во Москва, покажаа системите за следење на воздушниот сообраќај на интернет.

Според достапните информации, авионот полетал од базата на американските воздухопловни сили „Андрус“ во близина на Вашингтон, а застанал во латвискиот главен град Рига.

Неименуван извор од службата за контрола на воздушниот сообраќај на ЕУ потврди за Тасс дека авионот од Рига го продолжил своето патување кон руската граница.

Авионот полетал од латвискиот главен град околу 8:50 часот наутро и слета на московскиот аеродром околу 10 часот по локално време, објави руската новинска агенција РИА Новости.

Претседателските авиони на Доналд Трамп и други високи функционери полетуваат од базата Ендрус, соопшти агенцијата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека нема информации за пристигнувањето на транспортниот авион на американските воздухопловни сили на московскиот аеродром Внуково.

„Не, немам таква информација“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали Кремљ може да го коментира пристигнувањето на американскиот воен транспортен авион во Москва, објави РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Добија директна закана од Москва: На работ сте на отворена војна!

А1он

Историски резултат за демократите: 258 места во Претставничкиот дом

Багеи: Иран може брзо да ја врати безбедноста во Ормутскиот теснец

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

Резаи: Ерата на експанзионистичка Америка е завршена