Откако тие се појавија во медиумите наводи дека САД се подготвуваат да го нападнат Иран, авиокомпании од целиот свет пренасочуваат свои летови за да се избегне воздушниот простор над Иран.
Американски „Јунајтед ерлајнс” прв објави дека лет од Њуарк до Мумбај во Индија, кој поминува низ дел од иранска територија, е одложен поради зголемените тензии.
Потоа се огласи и Федералната администрација за авијација на САД, која издаде забрана за сите американски авиокомпании да летаат низ иранскиот воздушен простор.
Покрај Јунајтед, и „Делта ерлајнс” и „Американ ерлајнс” потврдија дека летовите се пренасочени од територија на Иран.
Националната авиокомпанија на Австралија „Квантас” објави дека летовите кои одат кон Блискиот исток ќе го заобиколуваат Ормуз и Оманскиот Залив, откако Иран собори американско беспилотно летало во областа.
Поради тоа, ќе има мали промени во летовите помеѓу Велика Британија и Австралија.
Сајтот за следење летови „Флајтрадар 24″ објави дека „Катар ервејз” и „Емирати” не заобиколуваат подрачје за кое ФСС издаде предупредување. Забраната на ФАА се однесува само за американските авиопревозници.
Портпаролката на холандската авиокомпанија КЛМ изјави дека нивните авиони веќе не летаат над Ормуз.
Меѓу компаниите што избегнуваат простор над Ормуз се „Малезија ерлајнс”, “Јапонски авиолинии“ и „АНА”.