Авганистанци логоруваат во близина на аеродромот во Кабул со надеж дека ќе ја напуштат земјата

Од:

Стотици Авганистанци кампуваат во близина на аеродромот во Кабул со надеж дека ќе можат да ја напуштат земјата откако талибанците ја презедоа власта, изјавија денеска очевидци, кои наведуваат дека мажи, жени и деца спијат на улица чекајќи ја евентуаланата евакуација.

Лажните гласини дека сите оние што ќе успеат да стигнат до аеродромот ќе бидат евакуирани, поттикнаа многу Авганистанци да се упатат кон него.

И денеска се уште не се знае дали ќе сообраќаат комерцијалните летови, со оглед на тоа што аеродромот не работи со полн капацитет.

Бројни западни земји организираат летови за евакуација за своите државјани и локалниот персонал кој работел за нив и сега може да биде цел на талибанците.

Германија денеска планираше четири летови за евакуација од Авганистан до Узбекистан и досега успеа да транспортира 400 лица на безбедно, додека Франција успеа со авион да ги евакуира повеќето луѓе што беа засолнети од талибанците во зградата на француската амбасада во Кабул.

Италија, исто така, сака да воспостави воздушен коридор. Денеска во Рим треба да слета првиот авион со 85 патници, соопшти Министерството за одбрана.

Американската војска одлучува дали ќе отвори или ќе затвори одредени точки за пристап до аеродромот, земајќи ја предвид моменталната ситуација, соопштија официјални лица.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан