Авганистан го блокира „ЈуТјуб“ поради антиисламскиoт филм

Од:

Авганистан го забрани денеска пристапот до порталот „ЈуТјуб“, за да не можат Авганистанците да ја гледаат видео најавата за филм, кој е оценет како навредлив за пророкот Мухамед.

Филмот „Невиноста на муслиманите“, снимен во САД, веќе предизвика остри протести во арапскиот свет. Во Каиро американското знаме од амбасадата на САД беше симнато, скинато и запалено од демонстранти.

Во либискиот град Бенгази исламистички екстремисти го убија амбасадорот на САД во Либија и уште тројца претставници на конзуларниот оддел.

Во Авганистан појавата на печатени или филмски материјали, сметани за навредливи кон исламот, како и дејствија како горење на примероци на Куранот и претходно беа причина за масовни нереди.

Во Каиро организацијата Муслимански браќа – највлијателната политичка сила во земјата, упати повик „сите национални сили да се присоединат кон протести во целата земја“ против филмот снимен во САД.

Кон протести повика и египетската коптска христијанска црква. Од своја страна египетската влада повика на воздржаност.

Исламската република Ирак категорично ги осудува навредите против исламот, изјави денеска во Техеран портпаролот на иранското МНР Рамин Мехманпараст. Според него, САД ја носат одговорноста за филмот.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Силен земјотрес го погоди Авганистан