Авганистан доби половина милион вакцини „АстраЗенека“ од Индија

Од:

Авганистан денеска прими половина милион дози од вакцината „АстраЗенека“ од Индија, што е прва пратка со вакцини против Ковид-19 пристигната во земјата.

„Добивме 500.000 дози од вакцината против Ковид-19 испратени од индиската влада“, рече авганистанскиот привремен министер за здравство Вахид Мајрух на аеродромот во Кабул, каде присуствуваше на преземањето на вакцината.

Вакцината од англиско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд е произведена од Индискиот серумски институт, најголемиот производител на вакцини во светот. Институтот со забрзано темпо произведува милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“ за Индија, соседните земји и многу земји во развој.

Вакцината ќе ја примат прво здравствените работници и старите лица со хронични болести, рече министерот.

Властите планираат да вакцинираат 60% од населението

Авганистанската влада планира да вакцинира 60 проценти од населението и соработува со Светска банка и Европската унија за набавка на дополнителни дози, рече министерот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан