Атал: Франција до почетокот на април ќе ги укине потврдите за вакцинација

Од:

Франција би можела да ги укине сертификатите за вакцинација против коронавирусот на крајот на март или почетокот на април, за да ја подобри здравствената состојба, изјави денеска портпаролот на француската Влада, Габриел Атал.

-Бројот на хоспитализирани е сè уште многу висок, поголем од рекордот во пролетта 2020 година, но според нашите проекции… има причина да се надеваме дека во тоа време ситуацијата ќе биде доволно добра за да можеме да ги укинеме овие последни мерки, Атал, додавајќи дека бројот на заразени лица опаѓа.

Тој кажа дека сертификатите за вакцинација ќе бидат укинати веднаш штом ситуацијата во болниците се нормализира.

Во Франција од почетокот на пандемијата починале 133.614 лица, а повеќе од 80 отсто од населението има примено најмалку една доза од вакцината, додека 78,5 отсто се целосно ревакцинирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано