Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ ги демантираше пишувањата на германските весници „Билд“ и „Ханделсблат“ дека ефикасноста на нејзината вакцина е мала кај луѓето над 65 години.
Британските медиуми јавуваат дека, според „АстраЗенека“, пишувањето на германските весници е „целосно невистинито“.
„Билд“ и „Ханделсблат“, во одделни извештаи, вчера, јавија дека вакцината на „АстраЗенека“ има ефикасност од само осум до 10 проценти кај луѓето постари од 65 години.
Двата весника додаваат дека германската Влада не очекува европскиот здравствен регулатор да ја одобри употребата на вакцината кај лица над 65-годишна вораст.