Аселборн: Светскиот поредок не функционира без Москва и Пекинг

Од:

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн оцени дека светскиот поредок не функционира без Русија и Кина, и оти Крим ќе биде изгубен уште најмалку десет години.

Аселборн во интервју за виенскиот весник „Пресе“ наведе дека ако Европа не сака да ризикува Трета светска војна мора да прифати оти Русија нема да го врати Крим.

– Крим де факто не е повеќе дел од Украина, а де јуре, секако , тоа нема да го прифати. Илузорно е да се верува дека сега може да се најде решение. Русија нема да дозволи да се разговара за него. Тоа за десет години може да биде поинаку. Како политичар имам поинаква одговорност. Кога наутро ќе се разбудам Русија се уште е на географската карта. Мораме да се обидеме Русија да излезе од конфликтот, наведе Аселборн.

Тој коментитајќи ја ситуација во Украина посочи дека постојат добри знаци за подобра гранична контрола.

– Очигледно претседателот Петро Порошенко бара воена решение. Тој требаше да го послуша апелот на шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер и да разговара со Русија и со ОБСЕ. Доњецк е во Украина, но оружјето и „луѓето во зелено“ доаѓаат од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин треба јасно да стави до знаење дека не ги поддржува сепаратистите, истакна Аселборн.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства