Асанж негира дека ги пробил лозинките на Пентагон но се соочува со екстрадиција во САД

Од:

Барањето на САД за екстрадиција на Џулијан Асанж е потпишано од министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид. Асанж, основачот на Викиликс, се бара од САД за протекување дипломатски информации што предизвикаа голема непријатност за Вашингтон во 2010 година.

Џулијан Асанж , нема да се соочи со целосна расправа за екстрадиција до следната година. Судијата Ема Арбутно одлучи дека Асанж ќе се соочи со петдневно сослушување за екстрадиција на 25 февруари 2020 година.

Адвокатот на Асанж, Марк Самерс, рече дека случајот претставува “срам и целосен фронтален напад врз новинарските права”.

Асанж е во лондонскиот затвор “Белмарш”, каде што отслужува казна затвор во траење од 50 недели. Тој беше премногу болен да се појави на последното сослушување, но беше доволно добар за да се појави со видео врска за судскиот претрес на Вестминстер Магистрејтс во централен Лондон.

Десетици луѓе протестираа пред судот, барајќи од британската Влада да се спротивстави на администрацијата на Трамп и да одбие да го екстрадира Асанж чие единствено криминално дело, според нив, беше што ги откри злобните активности на САД низ целиот свет.

Асанж тврди дека е новинар чие право на слободен говор е заштитено со Првиот амандман на американскиот Устав. Неговите адвокати поднесоа жалба против казната за кауција и се надеваат дека тој ќе биде ослободен од затвор пред октомври.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД