Асанж: Европо не потклекнувај под притисокот, прифати го Сноуден

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ги повика денеска европските земји да не потклекнат под притисокот на САД и да го прифатат поранешниот соработник на ЦИА и НСА, кој од американските власти е обвинет за шпионажа.

– Земјите од Европската унија, пред се Франција и Германија би требало да муго посакаат своето најтопло добредојде, под каков било статус, изјави Асанж.

Потсетувајќи дека ЕУ минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, Асанж изјави дека „Европа мора да се носи со ситуацијата и да ја покаже својата подготвеност во одбрана на слободата на информирањето, без оглед на стравот од политички притисок од својот најдобар пријател – САД“.

Според Асанж јавната вредност на информациите на Сноуден е потврдена со откривањето дека САД ги шпионирале европските дипломатски мисии и институции.

– Доколку овој млад човек се остави на меѓународната зона на московскиот аеродром, европските земји ќе ги напуштат своите принципи и дел од причините за своето постоење, нагласи Асанж, кој и самиот беше цел на Вашингтон поради објавувањето на доверливи дипломатски депеши на САД. Тој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска