Асад е сигурен во поддршката од Русија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад е сигурен во поддршката од Русија, бидејќи Москва смета за свој стратешки интерес во регионот да помага на режимот во Дамаск во војната против вооружениот бунт. Тоа го изјави поранешниот либански пратеник сунит Абдул Рахим Мрад.

– Самиот руски претседател Владимир Путин ме увери дека битката на Сирија е битка на Русија, изјави Мрад во Дамаск пред либански политичари што го поддржуваат сирискиот режим.

– Тоа не е зошто Русија не сака или го сака нашиот народ, не е заради нашите убави очи, туку затоа што Русија ја змета битката за одбрана на Дамаск за битка во заштита на интересите на Русија во регионот, додаде тој.

Според него, Асад е сосема спокоен и уверен дека односот на меѓународнатз аедница кон Сирија ќе се промени. Русија и Кина трипати ставија вето во СБ на ОН за нацрт-резолуција за Сирија и ја осудија средбата на Пријетелите на Сирија одржана во викендот.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија