Артур Мас го потпиша указот за формирање изборната комисија за референдумот за независност на Каталонија

Од:

Премиерот на Каталонија Артур Мас денеска го потпиша указот за формирање изборна комисија за референдумот за независност на оваа шпанска автономна област, што централната шпанска Влада го смета за противуставен.

Како што сооопштуваат француските медиуми,повикувајќи се на изјава на портпаролот на регионалната Влада во Барселона, указот ќе стапи во сила по неговото денешно објавување во службен весник.

Конзервативната Влада на Мариано Рахој неделава се пожали пред Уставниот суд, кој утврди ова граѓнско изјаснување привремено да биде запрено, додека судот конечно не се произнесе за тоа дали актот е сообразен со Уставот на Шпанија.

Според противниците на референдумот, секое дејствие за негова подготовка, како што е формирањето на изборната комисија, каталонската Влада ја става во нелегитимна положба.

Артур Мас испрати противречни сигнали, откако во вторникот одлучи да ја запре официјалната кампања и да го прекине собирањето персонал за денот на гласањето.

-Правниците анализираат дали денешниот указ и противоречи на судската одлука (на Уставниот суд), изјави претставничката на централната Влада за Каталонија, Марија Љанос де Луна.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски