Армијата ја зајакнува контролата на границите на Индонезија

Од:

Армијата на Индонезија, со поставување на голем број нови караули на копнената граница, со повеќе војници и подобрена инфраструктура, ја зајакнува контролата на безбедноста.

Соопштувајќи го ова, портпаролот на индонежанската армија, генерал Сабрар Фадилах навести дека зајакнувањето на безбедноста значи и полесно оддржување на мирот и безбедноста во државата, соочена со закани за немири на радикални групи во оваа 256-милионска држава.

Засилување со воен персонал и осовременување на опремата во караулите  ќе има во граничните појаси кон северните соседи на Индонезија, особено на островите Суматра и Калимантан. Со мобилни единици границата ќе ја обезбедуваат бројни патроли на помалите погранични острови на исток на Архипелагот, а најавено е и значјано засилување во областа на Папуа.

Во трите рода на армијата на Индонезија има околу половина милион активни војници и службеници. Три пати побројни се лицата од првата линија на резервниот состав, кои доста често се ангажираат да и помагаат на полицијата во ситуации кои се проценети како потенцијално ризични за мирот во државата.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници