Армијата и полицијата во Индонезија повторно на висок степен на подготвеност

Од:

Армијата и полицијата во Индонезија од денеска повторно се во висок степен на подготвеност во очекување на одлуката на Уставниот суд на Индонезија по повод жалбата на претседателскиот кандидат Прабово Субианто, кој загуби на изборите за претседател оддржани на 9 јули од Јоко Видодо со над осум милиони гласови разлика.

Уставниот суд е последна инстанца која одлучува по тужбата на Субианто за наводно лажирање на изборите и својата одлука мора да ја соопшти најдоцна до 23 август.

Војската и полицијата претпоставуваат дека се реално можни судири меѓу симпатизерите на двајцата претседателски кандидати. Во главнот град Џакарта се допремени уште 35.000 припадници на индонезиската армија, а врховниот командант генералот Молдоко издал наредба за готовност во сите касарни.

Степенот на висока готовност ќе трае и најмалку три дена по објавувањето на одлуката на Уставниот суд.

Речиси никој во Индонезија не верува дека Судот ќе ја оспори победата на Јоко Видодо, но непредвидливи се реакциите на поранешниот генерал Субианто и неговите симпатизери.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски