Армен Саркисјан избран за претседател на Ерменија

Од:

Ерменскиот Парламент денеска со големо мнозинство го избра поранешниот премиер и некогашен амбасадор во Велика Британија, Армен Саркисјан за нов претседател на Ерменија.

За изборот на 64-годишниот Саркисјан гласаа вкупно 90 од 105-те пратеници во Парламентот.

Саркисијан, кој е избран за мандат од седум години, ќе го наследи досегашниот шеф на државата Серж Саркисјан, кој според неофицијални информации, најверојатно ќе биде нов ерменски премиер.

Саркисјан за претседателската функција беше предложен од владеачката конзервативна Републиканска партија, а за неговиот избор гласаа и пратениците од левоцентристичката Ерменска револуционерна федерација и од центристичкиот блок Просперитетна Ерманија.

Со ланаските уставни реформи Ерменија се трансформираше од претседателска во парламентарна република, па сега шефот на државата има повеќе протоколарни функции и ограничен број надлежности.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска