Спутник – Москва
Меѓу многубројните проблеми кои би можеле да бидат предизвикани од глобалното затоплување се чини дека ќе биде додаден уште еден, кој би можел значајно да ја промени природната околина на Арктикот. Од морските длабочини на површината во најскоро време ќе избијат милиони кубни метри метан.
Експертите на Томскиот политехнички универзитет открија дека во близина на брегот на Русија на Ледениот океан, значително пораснал процесот на топење на подводниот вечен мраз, соопшти прес-службата на Универзитетот.
Сам по себе, процесот на топењето на подводниот вечен мраз, како што тврдат научниците, е целосно безопасен. Меѓутоа, понатамошните природни механизми кои тој со себе може да ги повлече, априри се смртоносни за целиот живот во околината: на површината би можеле да избијат огромни резерви на смртоносниот гас метан.
Овие вознемирувачки наоди на научниците ги потврдуваат и податоците кои ги собрале во текот на арктичката експедиција спроведена во 2016 година, заедно со научниците од Пацифичкиот океанолошки институт. Институтот за океанологија и Институтот за атмосферска физика.
Најновите податоци за состојбата на подводниот вечен мраз се темелат на фактот дека нејзиниот основен дел во областа на крајбрежјето на Источен Арктик е цел, што ја исклучува можноста за дестабилизација на хидратите на метанот кои се наоѓаат под него.
Меѓутоа, неодамнешните мерења покажаа дека топењето на вечниот мраз се случува многу побрзо, со брзина до 18 сантиметри годишно. А тоа веќе гарантира формирање на канали за излез на гасот на површината.
„Изгледите се разочарувачки. Поради тоа што дел од меурестиот тек на метанот од седиментите во водата на морињата на Источен Арктик, може да варира од неколку милиграми до десетици и стотици грамови по квадратен метар на ден. А тоа веќе два до четири пати ги надминува основните концентрации измерени на нашата планета” – објаснува професорот од катедрата по геологија и минеоролошки истражувања на Томскиот универзитет, Наталија Шахова.
Ослободувањето на метанот на површината помага не само на топењето на вечниот мраз туку и на голем број надворешни фактори. Гребените со мраз и замрзнатите санти кои хаотично се движат во плитките води имаат еден вид „ефект на плуг” и формираат на дното бразди во длабочина до шест метри и должина од неколку стотици километри. И овие бразди на некои места го достигнуваат нивото на наслагите на метанот. Томските научници, со објавувањето на алармантните факти, се надеваат дека резултатите од истражувањето ќе помогнат и ќе бидат искористени за побезбедно бушење на арктичкото крајбрежје при производство на јаглеводород, бидејќи овозможуваат предвидување на веројатност на масивно исфрлување на метан. А такви случаи веќе се случија во Печорското Море, мореузот Лаптев и во Источното Сибирско Море.