Лидерката на каталонската опозиција Инес Аримадас изјави дека дејствувањата на регионалната власт ги подели граѓаните во Каталонија.
– Граѓаните на Каталонија се поделени благодарение на вас, му се обрати Аримадас на каталонскиот лидер Пуџдемон.
Според неа, „повеќето Каталонци се чувствуваат како граѓани на Каталонија, на Шпанија и на Европа“ истовремено.