Археолозите откриле орудие постаро од првиот прачовек

Од:

Нашите предци изработувале орудија многу порано отколку што досега се знаеше и многу порано пред појавата на првиот познат припадник на нашиот род Хомо.

Научниците во среда објавија откривање на 3,3 милиони години старо камено орудие пронајдено во пустинските предели во близина на езерото Туркана, на северозападот на Кенија. Откритието вклучува обработени парчиња на камен со остри рабови кои би можеле да се користат за сечење месо од животинските мрши и примитивни чекани за кршење на јаткасти плодови.

Тие се 700.000 години постари од било кое друго пронајдено орудие и 500.000 години постари од најстарите пронајдени фосили од родот Хомо, што значи дека ги изработувале уште попримитивни врсти на човековото еволуциско стебло.

„Преминот од користење на она што е во изворен облик достапно во природата до целното создавање на специфично орудие од камен претставува напредок на когнитивните способности на нашите предци“, вели Сониа Харманд, археолог на универзитетот Стони Брок во Њујорк.

Нашиот сој Хомо сапиенс се појавил пред 200.000 години. Најраните припадници на родот Хомо потекнуваат од времето од пред 2,8 милиони години. Пред нив постоеле разни врсти на мајмунолики човечки предци.

Долго се сметаше дека изработката на орудија од камен е одлика на нашиот род. Ова откритие сугерира дека постарите предци на луѓето го направиле тој мисловен исчекор потребен за изработка на орудија.

Палеоантропологот Џејсон Луис од њујоршкиот универзитет Стони Брок вели дека останува нејасно кој го изработил тоа орудие и како можни ги нуди Kenyanthropus platyops и Australopithecus afarensis, врсти кои комбинираат мајмунолики и човеколики одлики, или станува збор за досега неоткриени најрани припадници на родот Хомо.

Фосилите од родот Kenyanthropus platyops, познат по плоснатото лице, се пронајдени во близина на локалитетот на кој беше откриено орудието.

Australopithecus afarensis е сој на кој припаѓа славната „Луси“, пронајдена во 1974 година во Етиопија. Геологот Крис Лепре од универзитетот Колумбија, кој ја одреди староста на орудието, вели дека тоа откритие сугерира дека тоа почнало да се користи пред еволуцијата на големиот мозок кај човечките предци.

Орудието изработено од вулканска карпа вклучува наострени плоснати парчиња од камења со различни големини, поголеми камења од кои примитивните алати се „изделкани“, камења што служеле како наковална или примитивен чекан.

Во трудот објавен во магазинот Nature опишани се 149 такви предмети од камен.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од една година и 6.000 евра казна за управителот кој делумно уништи археолошкото наоѓалиште

Не може надзорен инженер да решава што е културно наследство – Археолозите апелираат да не менуваат закони поради Коридор 8

Орце Костов

Полицијата уапси крадци на археолошко богатство

Фосилни остатоци од дрво старо 20 милиони години на Лезбос

Ана Ололовска

Меѓународен научен собир на археолозите во Охрид

Ана Ололовска