Не може надзорен инженер да решава што е културно наследство – Археолозите апелираат да не менуваат закони поради Коридор 8

Од:

Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се крие „профитерска зделка од огромни размери“.

Со предложените измени и дополнувања на членот 65 од овој Закон, се предлага во членот 65 по ставот 2 да се додаде нов став 3, кој би овозможил, доколку за време на вршење на градежни работи за проекти од државно значење биде пронајдено арехолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите за тоа случајно откритие да го извести надзорниот инженер, заобиколувајќи ја постојната законска одредба истото да биде пријавено непосредно до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.

Орданче Петров од Македонско археолошко друштво за време на собирот денеска изјави дека со предлогот за дополнување на членот 65 од овој Закон, по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Како што посочи, во регионот каде се предвидени инфраструктурните зафати за Коридорите 8 и 10д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети.

– Не смеете да дозволите надзорен инженер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство, и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство. И што понатаму? Со кои правни или оперативни ресурси тој ќе постапува за негова заштита? Или тоа е целта на измената, да се прикрие, заташка и уништи културно наследство за да не „се соочи реализацијата на проектот со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење‟, посочува тој.
Според Петров, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривично дело.

-Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на Унеско? Дали сте свесни колку закони и меѓународни конвенции кои се ратификувани во оваа држава ќе прекршите со дигањето рака „за‟ овие измени? Господа пратеници, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривнично дело, без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата која всушност треба да се грижи за истото, додаде Петров.

Би можело да ве интересира

Акцијата во Скопје е за неовластено тргување со културно наследство, се претресуваат фирми, се апсат и осомничени

Тасевска: Повеќе пари за македонско културно наследство, СДСМ поднесе измени на Законот за игри на среќа

Условна казна затвор од една година и 6.000 евра казна за управителот кој делумно уништи археолошкото наоѓалиште

Полицијата уапси крадци на археолошко богатство

Обвинение за осуммината диви копачи и трговци со македонско културно наследство

Скопскиот Аквадукт ќе добие највисока државна заштита

Жарко Настоски