Условна казна затвор од една година и 6.000 евра казна за управителот кој делумно уништи археолошкото наоѓалиште

Од:

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе Предлог – спогодба со едно физичко и едно правно лице кои се товареа за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Обвинетиот Г.С., како одговорно лице во правното лице – управител на осомниченото правно лице од Битола, во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, преземал дејствија во име и за сметка на осомниченото правно лице, со што ја уништиле источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно, општина Новаци, кое претставува регистрирано недвижно добро – дел од археолошката мапа на Македонија и кое се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлука на Владата за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на обвинетото правно лице.

Иако обвинетиот управител знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште Влаху, кое претставува културно наследство во кое не смее да се врши експлоатација согласно член 13 од Договорот за доделување на концесија, за што дури и преговарал со претставници на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство да бидат преземени заштитни археолошки истражувања пред отпочнувањето со експлоатацијата на минералната суровина, сепак ангажирал подизведувач – друго правно лице од Битола на кое му дал насоки да започне со експлоатација на јаглен. Како резултат на ваквите активности во целост е уништена источната периферија на археолошко наоѓалиште Влаху, што беше констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола.

Со постигнатата предлог-спогодба, која е потврдена од Основниот суд во Битола, за наведеното кривично дело на обвинетиот управител му е изречена условна осуда казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од 3 години тој не стори ново кривично дело и доколку се почитуваат следните обврски:

a) правното лице да не презема дејствија на експлоатација на јаглен од подрачјето на локалитетот Забрдо, општина Новаци, се додека на товар на ова правно лице, согласно напатствијата и насоките дадени од стручни лица од НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, не се изврши јасно означување и оградување на подрачјето на кое се протега локалитетот Влахо, како и на подрачјата на кои се претпоставува дека се протегаат локалитетите Бел Камен и Кералот. Дејствија не смеат да се преземаат и се до завршување на заштитните археолошки истражувања. Откако ќе бидат завршени истражувањата, дејствијата на експлоатација на наведените локалитети да се вршат само во согласност со утврденото со заштитните археолошки истражувања

б) правното лице да не презема дејствија на експлоатација се додека со НУ Завод и Музеј Битола не склучи договор за извршување на заштитно археолошко истражување на товар на обвинетото правно лице на проширениот опфат на КО Живојно, Општина Битола.

в) правното лице има обврска да обезбеди финансиски средства и да дозволи непосредно вршење археолошки надзор од стручно лице – археолог определен од НУ Завод и Музеј Битола за целиот планиран опфат за експлоатација, а согласно насоките на НУ Завод и Музеј Битола.

г) на обвинетото правно лице да му се изрече парична казна во износ од 360.000 денари, а тоа е должно да ги надомести и трошоците за геодетско вештачење како трошоци кои настанале до поднесување на предлог – спогодбата за одобрување до судија на претходна постапка, како и трошоците настанати во постапката пред судот во висина и на начин определен од судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ