Полицијата уапси крадци на археолошко богатство

Од:

На 21.10.2022 околу 12 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај с.Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје.

Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита.

Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети.

Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор.

По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Двајца крадци украле метален сеф во кој имало пари и златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети

Горан Наумовски

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица

Осумчлена банда украла се од фирма во Скопје, крадените предмети ги товареле во камион