Аргентина го легализира абортусот, историски момент за женските права

Од:

Аргентинскиот Сенат денеска го легализира абортусот до 14-та недела од бременоста, важен чекор за регионот што има едни од најрестриктивните закони за прекинување на бременоста во светот и што се смета за голема победа на поборниците за правата на абортусот во земјата со мнозинство католици.

Сенатот гласаше со 38-29 за да им се овозможи на милиони жени пристап до законско прекинување на бременоста со новиот закон поддржан од претседателот Алберто Фернандез. Се очекуваше многу законот да биде изгласан со многу потесна разлика, пренесува Би-Би-Си.

Огромен број активисти за правото на абортус и борци против абортусот се собраа пред Палатата на аргентинскиот национален конгрес за да ги чекаат резултатите, кои дојдоа во раните утрински часови по дебатата во текот на ноќта. Поддржувачите на законот ги дочекаа вестите со извикување пароли – и, во некои случаи, со солзи радосници, пренесува Си-Ен-Ен.

Досега, абортусите беа дозволени само во случаи на силување или кога здравјето на мајката беше изложено на ризик.

Предлог-законот беше одобрен од Долниот дом, претходно овој месец.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира