Аргентина бара Бан Ки-мун да „притисне“ врз Велика Британија за Фокландите

Од:

Аргентинскиот министер за надворешни работи Ектор Тимерман побара од ОН и генералниот секретар Бан Ки-мун да извршат притисок врз Велика Британија за да прифати преговори со Владата во Буенос Ајрес за суверенитетот на Фокландските Острови.

Тимерман, во придружба на министрите за надворешни работи на Уругвај и Куба, на средбата во седиштето на Светската организација побарал подршка од ОН и од Бан Ки-мун за „аргентинскиот случа“ во врска со прашањето на суверенитетот, нагласувајќи дека Островите во Јужниот Атлантик се „само аргентински“.

Шефот на аргентинската дипломатија, според медиумите во Буенос Аирес, рекол дека Фокландите се „окупирана териториј“, како и дека Британците се „окупатори на острови шо не се нивни“,

Ова е првпат откако аргентинската Влада и претседателот Кристина Кирхнер ја обновија расправијата со Лондон и почнаа војна со зборови околу ова прашање, еден висок аргентински функционер да ја нарече интервенцијата на силите на Велика Британија во 1982 година за вракање на контролата врз Фокландите по аргентинската окупација, како „воена инвазија“.

Во Обединетите нации, Тимерман рекол дека Велика Британија има намера да ги претвори Островите во „воена база со висока воена технологија блиску до Антрктикот“. Аргентинскиот министер го уверувал генералниот секретар на ОН и дека неодамнешниот референдум на островите, на кои 99,8 отсто од гласачите се определија против менување на сегашниот статус, како „илегален“.

Британскиот амбасадор во ОН, Марк Лајал Грант остро реагираше на ваквите квалификации на Тимерман. Според Грант, „апсолутно е неодржливо“ тоа што Аргентина ја отфрла вољата на луѓето на Островите. – Нема и неможе да има преговори за суверенитетот на Фокландите без почитувањето на вољата на нивните жители, рече британскиот амбасадор Лајал Грант.

Спорот околу овие острови датира уште од 1833 година, иако Фокландите никогаш не биле дел од Аргентина. Претседателот Кирхнер ја обнови расправијата со Британците откако во крајбрежниот појас на Фокландите беше најдена нафта, а посебно кога почна истражувањето за нејзината комерцијална експлоатација.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира