Аргентина, Австралија и Канада повторно со рестрикции за влез во ЕУ

Од:

Европската унија одлучи дека Аргентина, Австралија и Канада треба да бидат отстранети од списокот на земји за кои рестрикциите за патување треба постепено да се укинат поради Ковид-19.

Европската унија, врз основа на епидемиолошките податоци, двапати месечно го ревидира списокот на земји за кои треба да се воведат или укинат рестрикции за влез.

Според последните податоци, Унијата дојде до заклучок дека овие три земји треба да бидат отстранети кога станува збор за патувања кои не се неопходни. Сепак, граѓаните на овие земји кои се целосно вакцинирани можат да бидат изземени од ова правило, потсетува Советот на ЕУ.

Од денеска земјите на ЕУ имаат зелено светло за постепено укинување на рестрикциите за патување за следните држави: Бахреин, Чиле, Колумбија, Индонезија, Кувајт, Нов Зеланд, Перу, Катар, Руанда, Саудиска Арабија, Јужна Кореа, Арапски Емирати, Уругвај, како и за ентитетите Макао, Хонгконг и Тајван. Што се однесува до Кина ограничувањата се предмет на реципроцитет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон