Арапските земји во ОН ја усвоија палестинска резолуција за ставање крај на израелската окупација

Од:

Делегациите на арапските земји во Обединетите нации го одобрија вчера палестинскиот предлог за постигнување мировна спогодба со Израел во период од една година и за прекин на израелската окупација на палестинските територии до крајот на 2017 година и покрај острото спротивставување на Израел и САД.

Засега не е познато кога резолуцијата ќе биде ставена на гласање, иако речиси е сигурно дека таа нема да биде усвоена.

Дипломати на западните земји, претставени во Советот за безбедност на ОН изјавија дека биле мошне изненадени од притисокот на Палестинците конечната верзија на резолуцијта да биде ставена на гласање денеска или утре.

Амбасадорот на Јордан во ОН, Дина Кавар, чија земја е единствен арапски претставник во СБ изјави дека сите 22 арапски делегации го одобриле палестинскиот предлог.

На прашањето дали гласањето може да биде одложено за следната година таа изјави дека се е можно.

Портпаролот на Стејт департменот изјави дека палестинската нацрт-резолуција не е конструктивна и оти не одговара на израелските стравувања за безбедноста.

Резолуцијата за да биде усвоена во СБ, потребно е за неа да гласаат девет земји, меѓутоа и доколку биде усвоена САД најверојатно ќе го употребат правото на вето, а според западни дипломати се очекува Вашингтон да гласа против неа. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа