Најголемиот град во Бахреин, Манама, во кој живеат околу 150.000 луѓе или една четвртина од населението во земјата, е под закана од шест терористички организации, финансирани од Катар, тврди арапскиот весник „Ашарк ал-Авсат“.
Владата во Бахреин го обвинува Катар за поддршка на терористичките групи „Сараја ал Аштар“, „14 февруари“, „Хезболах Бахреин“, „Сараја ал Мухтар“, „Ахрар Бахреин“ и „Бригадите на отпор“.
Во соопштението се наведува и дека Катар треба да биде казнет од цела меѓународна заедница, а не само во Персискиот залив и арапските земји.