Шефот на Арапската лига Набил ал Араби побара формирање заеднички арапски воени сили за борба против ширењето на ектремистичките исламски групи.
– Постои итна потреба за формирање на заеднички арапски воени сили, кои ќе можат брзо да интервенираат во борбата против тероризмот и активностите на терористичките групи, порача Араби на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига во Каиро.
Тој исто така го потенцира значењето на соработката во областите кои се однесуваат на безбедноста и размената на информации меѓу арапските земји.
Заменик-шефот на Арапската лига Ахмед Бен Хели минатата недела изјави дека лидерите на овој сојуз би требало да се заложат за формирање на заеднички сили на самитот на 28 и 29 март во Шарм ел Шеик во Египет.