Арагчи: Изборот на претседател во Иран нема да влијае врз преговорите

Од:

Претстојните претседателски избори во Иран нема да влијааат врз ставот на Техеран во преговорите за неговата нуклеарна програма со светските сили, изјави иранскиот нуклеарен преговарач Абас Арагчи, кој воедно е и заменик на министерот за надворешни работи.

Според официјалната иранска новинска агенција ИРНА, Арагчи рекол дека промените на домашниот политички терен нема да влијааат врз трендот во нуклеарните разговори и дека Иран е подготвен за продолжување на разговорот.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ оцени дека изјавата е покана за шесте светски сили кои учествуваат во преговорите (САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија) да се вратат на разговорите, бидејќи не постигнаа договор во последната рунда во почеток на април.

Запад го обвинува Иран дека цел на неговиот нуклеарен програм е производство на нуклеарно оружје, додека Техеран тоа го негира и тврди дека приоритет му е производство на струја и медицински изотопи.

Во последната рунда од разговори во Казахстан, Иран инсистираше дека има право да го збогатува ураниумот, но исто така наведе дека не е заинтересиран да го искористи за нуклеарното оружје.

Техеран посака поголемо ублажување на санкциите од она кое му го понуди шесторката, за да направи каква било отстапка во својата нуклеарна програма.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел