„Арафат ја испланира втората интифада”

Од:

Вдовицата на палестинскиот лидер Јасер Арафат, Суха Арафат, призна дека нејзиниот сопруг однапред го испланирал второто палестинско востание против израелската окупација.

Таа рече дека второто палестинско востание, интифада, не избувнало спонтано.

Веднаш по пропаста на преговорите во Кемп Дејвид со кои посредуваше американскиот претседател Бил Клинтон, Суха, според својата приказна, се сретнала со Арафат во Париз при неговото враќање дома, како што пренесуваат израелските медиуми од нејзиното интервју за телевизија Дубаи, врз основа на превод од Институтот за истражување на блискуисточните медиуми (MEMRI).

„Кемп Дејвид пропадна и тој ми рече: Ти треба да останеш во Париз. Го прашав зошто и тој ми одговори: Затоа што ќе започнам интифада. Тие сакаат да ја предадам палестинската кауза. Сакаат да се откажам од нашите принципи и јас нема да го направам тоа“, рече Суха.

„Не сакам на Захви (ќерката на Арафат) пријателите во иднина да и велат дека Јасер Арафат ја напуштил палестинската кауза и принципите. Би можел да станам маченик, но јас нема да го предадам нашето историско наследство за Захви и децата на Палестина“, цитираше Суха Арафат.

Оваа нејзина изјава е во спротивност со тврдењата дека посетата на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон на Ридот на храмот (Харам ал Шариф како ова свето место го нарекуваат арапите) во стариот град на Ерусалим, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса предизвика бунт, кој започна во септември 2000 година, коментираат израелските медиуми.

Сепак, тоа би можело да биде непосредна причина за востанието.

Јасер Арафат почина во една француска воена болница во близина на Париз во 2004 година, а Суха Арафат, побара обдукција на неговите останки во обид да се најдат траги на токсични супстанции.

Претходно, радиоактивен изотоп полониум беше пронајден на неговата облека и четка за заби, која вдовица на Арафат ја даде на една швајцарска лабораторија на тестирање.

Палестинците веднаш по смртта на Арафат го обвинија Израел дека го отрул, што Израел го демантираше, а обвиненија повторно се упатени и оваа година.

Арафат, основач на Фатах, почина во 75- година, а француските лекари велеа дека непосредна причина за смртта е излив на крв во мозокот, но тој страдал и од нарушувања на коагулација на крвта и инфекции.

Погребан е во својот штаб во Рамалах на Западниот Брег. Во ноември се земени примероци од неговите посмртни останки во обид конечно да се утврди дали бил отруен. Се очекува овој процес да потрае неколку месеци.

Втората палестинска интифада заврши во 2005 година. и во неа загинаа повеќе од 3.000 Палестинци и околу 1.000 Израелци.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски