АП: САД покренаа сајбер напад врз Иран

Од:

Американските воени сили покренаа сајбер напад против иранските воени компјутерски системи, јави агенцијата АП, повикувајќи се на неименувани извори.

Сајбер нападот беше инициран во четвртокот, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли плановите за спроведување на конвенционална воена акција против Иран како одговор на соборувањето на американско беспилотно летало.

Официјалните претставници во саботата вечер објавија дека Трамп го одобри нападот што ги оневозможува компјутерските системи на Иран и овозможи преземање контрола врз иранските ракетни лансери и системи.

Нападите беа посебно насочени кон компјутерските системи на Иранската револуционерна гарда.

Иран не ги потврди ниту ги негираше тврдењата на американските официјални претставници.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас