Антонов: Одлуката на Украина за напуштање на неутралноста е поттикната од членките на НАТО

Од:

Одлуката на украинското Собрание за укинување на неутралниот статус на Украина е контрапродуктивна, изјави денеска рускиот заменик министер за одбрана, Анатолиј Антонов, истакнувајќи дека на оваа одлука Киев бил поттикнат од земјите членки на НАТО.

– На таквата контрапродуктивна одлука Киев го поттикнаа земјите на НАТО, обидувајќи се Украина да ја претворат во првата линија  на судирот со Русија, рече Антонов, пренесоа руските медиуми.

Според него, одлуката за откажување од вонблоковскиот статус само ќе ја влоши „и без тоа комплицираната ситуација“.

Антонов изјави и дека Русија во своите активности не може да не ја земе во разгледување одлуката на Киев.

Врховна рада (Собранието) на Украина, на предлог на претседателот Петро Порошенко, вчера усвои закон што предвидува откажување на земјата од вонблоковскиот статус и заземање курс кон стапување во членство во НАТО.

Украинските власти сметаат дека статусот на неутралност не може на земјата да и ја гарантира безбедноста, а Порошенко повеќе пати кажа дека одлуката за стапување на Украина во НАТО ќе ја донесе народот на референдум.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион