Хакерската група Анонимуси денеска соопшти дека соборила повеќе од 5.500 налози на Твитер на Исламска држава.
– Нашата способност да ја собориме ИД е директен резултат на нашите хакери, минери на податоци и шпиони кои ги имаме низ цел свет. Имаме луѓе кои се многу блиски со ИД на терен, изјави портпаролот на Анонимуси, Алекс Паучер.
Тој додаде дека хакерската група изградила инструменти кои „би можеле да бидат подобри отколку средствата на која било светска влада во борбата против ИД“.
Паучер наведе дека е свесен оти и ИД има свои хакери, но оти немаат такви хакери какви што има Анонимуси.