Анонимуси обвинија американска компанија дека ја штити интернет страницата на ИД

Од:

Хакерската организација Анонимуси ја обвини фирмата „Клауд Флер“ од Силиконската долина дека ја штити интернет страницата на екстремистичката група Исламска држава (ИД) од кибер-напади.

Тие тврдат дека оваа компанија и помага на ИД да ја подобри безбедноста и да се одбрани од кибер-напади со забрзување на времето при отворање на страницата. Тоа значи дека доколку Анонимуси се обидат да го нападнат поранешниот веб сајт, тие би ги спречиле со помош на технологија, која им ја обезбедила фирмата „Клауд Флер“.

Според неодамна објавен извештај, „Клауд Флер“ е обвинета дека штити 40 интернет страници на кои се наоѓаат терористички линкови, вклучувајќи 37 строго пропагандни.

Анонимуси напишале на Твитер: „Уште еднаш е откриено дека Клауд Флер им дава услуги на происламски интернет страници. Срамно“.

Основачот на американската фирма, Метју Принс изјави дека тврдењата на Анонимуси се „анализи од фотелја од страна на деца, кои не треба да се сфатат сериозно“, додавајќи дека неговата компанија нема никаква корист од поддржување на терористичката група.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Анонимуси: Хакиравме доверливи документи на српската влада

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска