„Анонимуси“ напаѓаат израелски сајтови како поддршка за Палестиниците

Од:

Додека меѓу Израел и Хамас продолжува насилството во појасот Газа, хакерите од групата „Анонимус“ им даваат поддршка на Палестинците.

Поточно, тие започнаа напади на веб-сајтови кои припаѓаат на израелската влада.

Во раните утрински часови од „Анонимус“ изјавија дека нивната цел е соборување на страниците кои припаѓаат на израелските одбранбени сили и израелскиот премиер и други сајтови кои припаѓаат на безбедносните сили и финансиски корпорации.

На Твитер се обидуваат да го соборат најмалку 40 страници, кои припаѓаат на Владата и армијата на Израел. Групата е позната по DoS напади.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците