Анкета: Речиси половина од Германците се за членство на Украина во ЕУ

Од:

Речиси половина од германските граѓани го поддржуваат влезот на Украина во Европската унија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот ЈуГав (YouGov).

За членство на Украина во ЕУ се изјасниле 46 отсто од испитаниците, додека во 2018 година биле 30 отсто.

Украина сака брз пристап, но во ЕУ засега нема согласност за тоа.

Резултатите од анкетата по избивањето на војната се различни и во Франција – 42 отсто од граѓаните го поддржуваат приемот на Украина, додека во 2018 година тој удел бил значително помал, 22 отсто.

Во Шпанија 60 отсто од анкетираните се за членство на Украина во Унијата, а во Италија 45 отсто. Во сите земји каде што е спроведено истражувањето, процентот на граѓани кои одговориле „не знам“ бил висок во 2018 година, како и сега, меѓу 24 и 29 отсто.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, инсистира на членство и го потпиша барањето за прием во ЕУ. Меѓутоа, некои земји од Унијата, вклучително и Германија, се против брзиот пристап на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa